Кисели пиперки полнети со грав
Вкусна кисела варијанта на посното гравче…
- 6 кисели пиперки од туршија
- 300 грама варен грав
- 2 главици кромид
- 1 чешне лук
- 2 рендани моркови
- 200 мл доматен сос
- сушена мајчина душичка
- ловоров лист
- црн бибер
- црвен бибер
- сол
1. Кромидот, лукчето и морковите, исецкани ситно се пропржуваат на загреано масло, а на крај се додава сварениот грав.
2. Смесата се зачинува, а потоа се полнат пиперките и се редат во намастена тава.
3.Остатокот од гравчето и доматниот сос се налеваат во тавата и сето се пече на 200 степени околу 30 минути.