Биокулт рецепти

Киноа Салата

Одличен микс од вкусови и ароми во една чинија…

 
  • 100 грама Davert бела киноа
  • 60 грама каламата маслинки
  • 7-8 сушени домати во масло
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1 колбас Wheaty од сејтан
  • китка магдонос
  • сок од 1/2 лимон
  • хималајска сол
 

1. Во тенџерче се полсолува и се зоврива 300 мл вода, кога ќе почне да врие се додава киноата и повремено се меша, додека да се свари. Се остава на страна да се излади.

2. Во подлабок сад се истура изладената киноа, се додаваат каламата маслинки без семка, неколку од сушените домати во ароматично масло, ситно сецкан магдонос.

3. На крај се додава веганскиот колбас од сејтан сецкан на трклаца. Wheaty производите од сејтан се 100% органски сертифицирани чадени на вистинска бука, а содржат до 85% протеини.

4. Салатата се посолува според вкус, се прелива со неколку лажици растопено кокосово масло и со сокот од лимон, се меша.

5. Добар апетит!

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија