Наслов

Кари наут

Искусете ги хранливите придобивки од наутот со овој рецепт...

 
  • 1 лажица масло
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 2 лажичиња кари
  • 300 грами конзервирани пелати
  • 400 грами наут
  • магдонос
  • малку природна сол
  • јогурт за прелив
 

Подготовка

1. Лукот и ѓумбирот се пропржуваат кратко, се додава кари зачинот, пелатите и ова се крчка 10 до 12 минути.

2. Во него се додава претходно сварениот наут, се вари уште 10-15 минути и на крај се попрскува со јогурт и магдонос.

Совет:Наутот е најдобро да се закисне претходната ноќ, за утредента пократко да го варите.

25 Март 2014

За авторот