Карфиол во круг

Пробајте го рецептот нема да зажалите! Карфиол на еден поинаков начин…

 
  • 700г китка карфиол
  • 1 голем црвен кромид
  • 100г маслиново масло
  • 1 лажица сецкан рузмарин
  • 10 јајца
  • шака сецкан босилек
  • 180г брашно
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 1 лажиче куркума
  • 200г рендан кашкавал
  • сол и бибер според вкус
 

Подготовка

1. Почнете со подготовка на карфиолот. Иситнете го на помали цветови и така обарете во солена вода околу 10 минути, па оставете го исцеден настрана да се излади.

2. Кромидот се сецка ситно и заедно со иситнетиот свеж рузмарин се запржува во маслиново масло на тивко околу 10тина минути. Исто се остава да се излади.

3. Во посебен сад се матат јајцата и се додаваат сите останати состојки и изладениот карфиол и кромид. Убаво се меша и смесата се става во калап, претходно намастен и набрашнет.

4. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40тина минути.

5. Споделете со најблиските.