Кану од тиквичка
Идеја за лесен и вкусен ручек…
- 1 тиквичка
- 100 грама моцарела
- 100 грама шери доматчиња
- 2 лажици оцет
- босилек
- маслиново масло
- сол и бибер
1. Тиквичките се сечат надолжно и со лажица им се вади средината.
2. Се посолуваат, се попрскуваат со масло и оцет и се наросува мелен бибер според вкус.
3. Се полнат со парченца моцарела, ливчиња босилек и шери доматиња.
4. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.