Јајце на око во компир

Вкусен ручек со малку калории…

 
  • 1 голем компир
  • 2 јајца
  • 1 лажица путер
  • 50 грами кашкавал
  • сол и бибер
  • сушен босилек
 

1. Компирите се сечат надолжно и се печат во фурна 30-40 минути на 200 степени.

2. Со лажиче се вади средината и е прави вдлабнатина, така што ѕидот да остане дебел околу 1 см.

3. Во длабнатината се ренда кашкавал, па се крѓи јајце во секој компир, и на крај се додава сол и зачини по потреба и вкус.

4. Се пече уште 10тина минути.