Иранска салата

Вкусен експеримент за салата особено доколку ја почитувате ориенталната кујна и вкусови. 

 
  • 2 лажици суво грозје
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кромид
  • 250г спанаќ
  • 1/4 лажиче куркума (турмерика)
  • 200г павлака
  • сок од 1/2 лимон
  • природна сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Сувото грозје се става 20 минути во млака вода за да набабри.

2. Кромидот се сецка и се пропржува кусо време, а потоа му се додаваат куркумата и сувото грозје со малку вода за да се динста 2-3 минути.

3. Спанаќот се бланшира 5 секунди во врела вода и се лади во студена вода. 

4. Се сецка на крупно и се исцедува.

5. Потоа сите состојки се додаваат и се соединуваат со павлаката.

6. Зачин по вкус.