Инстант џем од боровинки

Прав погодок за почеток на едно имуностимулирачко утро, дали само на лажичка или на леб, одлучете си вие…

 
  • 1кг боровики (ние имавме диви боровинки, но може и со култивирани или замрзнати)
  • 2 лажици агавин сируп
  • 2 лажици чиа семе
 

Подготовка

1. Боровинките се чистат (ако не се исчистени добро), се мијат и се мелат неколку пати додека не остане само сува материја (можете да ја искористите и целата боровинка доколку ја пасирате смесата во блендер).

2. Потоа се додава чиа семето и сирупот за блажина и повторно се промешува, односно се пасира за убаво да се измешаат продуктите. 

3. Содржината се става во тегла, се чува во фрижидер и се конзумира до една седмица.