Наслов

Хранлива каша за најмладите

Освен што е здрава и лесна за правење, моето дете ја обожава (што е најважно нели!). Со зеленчукот можете да експериментирате, но оваа комбинација кај нас секогаш пали! Избалансиран оброк и задоволно стомаче! 

 
  • 1 морков
  • 250г спанаќ
  • 1 шолја органски интегрален ориз
  • 1/2 шолја киноа
  • неколку китчиња карфиол
  • 1 младо, но поголемо лукче
  • 1 парченце крупна морска сол (и не мора)
  • екстра вирџин маслиново масло 
  • кари

Подготовка

1. Оризот се измива и се става да се вари во сооднос со вода 1:5. Кога водата ќе зоврие се вари на тивко околу 45 минути.

2. Во меѓувреме се сецка зеленчукот.

3. Киноата се измива и се додава на оризот 15-20 минути пред крај. 

4. Зеленчукот се додава 5-10 минути пред крај.

5. Садот по 45 минути се трга од рингла (може да се додаде солта) и се остава покриен некое време за да се олади.

6. Кога ќе се олади се додава карито и маслиновото масло.

 

 

 

09 Мај 2013

За авторот