Наслов

Гнезденца

Кога не знаете како да го потрошите стариот багет, претворете го во вкусни гнезденца...

 
  • 1 багет
  • 4 јајца
  • 50 грами кашкавал
  • сушен босилек
  • сол, бибер
 

1. Багетот се сече на парчиња од 10 цм и му се вади средината, но не целосно (оставате дно).

2. Се крши по едно јајце во секое парче, се посолува и одозгора се додава биберот, кашкавалот и миродиите.

3. Гнезденцата се редат во подлабок сад за печење и се покриваат со фолија.

4. Се пече 10 минути на 220 степени.

20 Април 2015

За авторот

Најнови членови

На Facebook