Филувани трупки
Трупка, една голема кулинарска енигма… Освен да ја изрендате во салата, Ви текнало ли да пробате и нешто друго со нив?! Ако не, ова е одличен рецепт за трупките да станат и главен оброк.
- (за четири лица)
- 8 трупки
- половина страк праз
- 2 моркови
- 5-6 свежи шампињони
- 50 грами кашкавал
- 1-2 лажици путер
- 1/2 шолја јогурт
- сол, бибер
- 1 лажиче кари
Подготовка
1. Трупките се лупат, а на горниот дел им се прави длабнатинка. Во солена зовриена вода, се варат околу 10 минути.
2. Трупките се вадат, а во истата вода се бланшира празот 2-3 минути, се вади и веднаш се полева со ладна вода за да ја задржи бојата.
3. Морковот се ренда ситно, печурките се сецкаат и се пропржуваат на путер додека да омекнат. Се зачинуваат, и со таа смеса се полнат трупките.
4. Во огноотпорен сад се реди празот, одозгора наполнетите трупки и врз секоја трупка се става парче кашкавал. Се полеваат со јогурт и така се печат 20-30 минути, на 180 степени.