Енергетски Залчиња
На изглед не се воопшто привлечни, но си ја вршат работата за која се наменети – лесно сварливо гориво во моменти кога ви е потребна енергија!
Пред неколку недели, мојот сопруг за прв пат изрази желба да припреми живи колачиња, кои што самиот ги нарече „енергетски залчиња” бидејќи содржат неколку типови на супер-храна и се одлични за пред вежбање или пред некоја друга поголема физичка активност.
На изглед не се воопшто привлечни, но си ја вршат работата за која се наменети – лесно сварливо гориво во моменти кога ви е потребна енергија!
- 100гр бадеми
- 7 урми (киснети неколку минути)
- 2 лажици гоџи бобинки
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажица какао
- 1 лажица мака
- 1 лажичка спирулина
- 1 лажичка ванила
- 1 лажица вода (по потреба)
- прстофат хималајска сол
Подготовка
1. Најпрво сомелете ги бадемите во блендер, а потоа додадете ги и останатите состојки и пасирајте додека да добиете изедначена смеса која ќе може да се обликува.
2. Од смесата направете долгнавеста форма (налик на ролат), завиткајте ја во целофан, и ставете ја во замрзнувач да се стегне.
3. Потоа исечете ја на мали залчиња, и лапнете си 1-2 кога чувствувате потреба за нешто што ќе ве подигне.
* доволно за 10 залчиња, се припрема за 15 минути.