Наслов

Едно поинакво јајце

Вистински предизвик е да се прескокне јајцето во рецепт каде што истото е главниот поврзувач на состојките.

 
  • За јајце од лен:
  • 1 лажица истолчено семе од лен
  • 3 лажици вода
  • За јајце од чиа:
  • 1/2 лажица чиа семе
  • 3 лажици вода
 

Подготовка

1. Јајцето од лен или чиа одлично си ја врши својата намена во сите вегански рецепти или онаму каде сакате да одморите од жолчки и белки.

2. Неговата подготовка е прелесна. Само сомелете во мелница или истолчете 1 лажиче семчиња од лен, помешајте со 3 лажици вода и оставете го настрана. Набрзо ќе забележите како мешавината се згуснува.

3. Промешувајте го "јајцето" повремено, а на крај оставете го малку во фрижидер пред да го искористите. Ќе добиете конзистенција на белка од јајце.

4. Соодносот е 1 лажица лен со 3 лажици вода или 1/2 лажица чија со 3 лажици вода.

Постапката и за обете видови "јајце" е иста.

Јас искористив јајце од лен во следниот рецепт Вегански мафини и би го користела во секој нареден рецепт.

27 Април 2014

За авторот