Едни поинакви пилешки ражничи

За љубителите на пилешко месо, еве еден поинаков ражнич. Навидум исто, но на вкус многу поровко и деликатно. Миродиите си го прават своето… Нека се обновуваат мускулите со чист месен протеин. 

 
  • 1кг пилешки стек
  • 1 корен рен.. може и ѓумбир
  • 1 главица лук
  • 1 лажици кориандер
  • 1 лажиче ким
  • 1 китка нане
  • 1 лимон
  • морска/хималајска сол
  • масло по желба

Подготовка

1. Филетите се сецкаат на коцки (3x3cm), а врз нив се додава рендана кора од лимон.

2. Потоа се ренда ренот заедно со лукот, кориандерот, кимот и ситно сецканото нане. Сите продукти се толчат или се блендираат со масло.

3. Сета смеса се додава во месото и сите заедно убаво се промешуваат и натиснуваат. Потоа се остава во фриз да отстои 2-3 часа. 

4. Се денат на стапчиња и се редат на скарата.

5. Се печат по 6-8 минути од секоја страна… ВАЖНО И ЗДРАВО е да не изгорат!!!

6. На крај се премачкуваат со остатокот од маринадата.