Домат на кат

Пикантно ароматична салата на неколку катови…

 
  • 2 домати
  • 50 грама сирење
  • 1 кромид
  • 5 лажици маслиново масло
  • свеж босилек
  • бибер во зрно
  • 1 лажица балсамико
 

1. Кромидот се сецка на ситни коцки и се меша со сирењето.

2. Смесата од сирење и кромид се зачинува со мелен бибер или неколку кршени зрна и се додава сецкан босилек.

3. Маслото и оцетот исто се мешаат за да се добие смеса.

4. Доматите се сечат напречно на повеќе тркалца и секој слој се премачкува со смесата од сирење, па се истура од смесата од масло и оцет.