Домашно крем сирење
Кога баба го правеше со домашна урда…
- 1/2кг македонска урда
- 100г путер
- 1 мала лажичка сода бикарбона
- сол
- свеж босилек
- 2 чешниња лук
- нане
- оригано
- бибер
Подготовка
1 На урдата и се додава иступаното лукче со сол по желба и се меша интензивно со содата.
2 Путерот на тивок оган се растопува и постепено му се додава урдата.
3 Цело време смесата интензивно се меша додека не добие кремаста маса.
4 Се додаваат миродиите по желба.