Домашни шарени јуфки
Македонската класика за појадок во пребоена варијанта.
- 15 јајца
- 1/2 литар млеко
- 2,5 килограми брашно тип 400
- 1/2 лажичка сол
- 1 килограм морков за жолтите или 1 килограм спанаќ за зелените јуфки*
1. Разликата меѓу овој и традиционалниот рецепт е тоа што ќе добиете шарени јуфки.
2. Најпрво се подготвуваат морковот за портокаловите јуфки и спанаќот за зелените јуфки. Морковите се лупат, спанаќот се мие, се варат посебно, а потоа се блендираат со по половина литар млеко.
3. Сите состојки за јуфките се соединуваат и се замесува поцврсто тесто. Кој знае може јуфките да ги сука на рака, а за полесно може да користите машинка за јуфки.
*ако сакате и од двата типа, дуплирајте ја дозата.