Домашна веге пица
Овој пат немаме многу слики бидејќи бевме гладни, а и не бевме сигурни како ќе излезе крајниот производ кој всушност беше повеќе од вкусен!
- 150-200г шампињони (може и со шитаке)
- 200г кравји кашкавал (може и со моцарела)
- мала китка брокула
- 3 чешниња лук
- 2-3 шери домати
- 3 и пол шолји ржано брашно
- малку сусам
- 1 шолја топла (не жешка) вода
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажиче крупна морска сол
- 1/2 лажиче кафеав шеќер
- 1/2 пакетче квасец во прав
- 1 јајце од прeпелица
- оригано
Подготовка
1. Како се прави тестото можете да погледнете на следното видеото подолу…
2. Откога ќе стаса тестото, се развлекува во посакуваната форма и се става во тавата. (ова не оди така лесно како што звучи ама не е страшно се учи со време изгледа)
3. Рерната се пушта да се загрее на 220 степени. Во меѓувреме, тестото се мачка со доматен сос и се попрскува со сусам.
4. Лукот се ренда ситно и се размачкува по тестото.
5. Се распоредуваат исецканите печурки, брокулите, шери доматите пресечени на пола и се истура кашкавалот преку целата содржина на пицата.
6. На средина се крши јајцето од прeпелица и за крај целата пица се попрскува со оригано (ако имате може и босилек).
7. Пицата се пече 15-20 минути, но најубаво ќе оцените од око.
Уживајте во домашната пица и гледајте да ја правите и јадете преку ден! :))
http://youtu.be/NozFOtgqLpc width:635 align:center