Домашен јаболков оцет
Со овој рецепт добивате прекрасен домашен јаболков оцет кој можете да си го користите за убавина и за здравје.
- вода
- неколку лажици шеќер
- домашни непрскани јаболчиња
1. Јаболчињата се сецкаат на крупно, не се чистат ниту од семчиња ниту од дршки.
2. Во поголема тегла се ставаат јаболчињата и се преливаат со вода, некои рецети препорачуваат водата да биде превриена, нашата беше обична чешмовача.
3. Може да се додаде по една до две лажици шеќер во секоја тегла, но не е неопходно.
4. На темно и топло место се чува 2 недели покриен со газа и крпа, а потоа се прецедува и се чува уште 2 недели да постигне киселост. Потоа можете да го флаширате.
Јаболковиот оцет има бројни здравствени придобивки, прелесно е да се направи, а секој треба постојано да го има на дофат. Помага при тегоби во дигестивниот тракт, подуеност, болно грло и слично. Повеќе за придобивките од јаболковиот оцет на следниот ЛИНК.