Додатоци за пролетни салатки
Додатоците се масло со рузмарин и оцет со рузмарин.
- * Масло со рузмарин
- 1 гранче пресен рузмарин
- 1л маслиново масло
- * Оцет со рузмарин
- 1 гранче рузмарин
- 1л јаболков оцет
- 1 лажица сол
- 1-3 чешниња лук
- неколку сецкани суви пиперчиња (најдобро лути)
Подготовка
1. Масло со рузмарин: Гранчето рузмарин се става во маслото и се остава да отстои така 2-3 недели. Одличен ароматичен додаток за салатки, а и за печење на месо.
2. Оцет со рузмарин: Ставете ги во шише рузмаринот, пиперчњата, сецканиот лук, солта и полијте ги со оцетот. За две недели ќе имате феноменален додаток за салатки, а богами и за чорби!