Десертно свежо јаболко

Брзо направен свеж и вкусен десерт кој дозволува ваша креативност…

 
  • 1 големо јаболко
  • 5о грама чоколада
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 лажица сецкани бадеим
  • 1 лажица суво грозје
 

Јаболкото се сече надолжно на резанки до 5 милиметри и се реди косо на даска за послужување. Се попрскува со растопено чоколадо и се наросува со сите додатоци, а слободно може да вметнете нешто и по ваша желба. За кратко време чоколадото ќе се стврдне и десертот е спремен за послужување…