Чорба со тиквички
Лесна и вкусна…
и
- 2 тиквички
- 1 морков
- 1 лажица путер
- 2 лажици брашно
- 1 чаша млеко
- 5 чаши вода
- сув или свеж копар
1. Тиквичките и морковот се рендаат на крупно.
2. Во тавче, се растопува путерот, а потоа тиквичките и морковот се пропржуваат да омекнат.
3. Се зачинува со сол и бибер, се додава брашното.
4. Се налева чаша млеко и се налева и водата, па се заедно се вари околу 10 минути. На крај се додава копар.