Зимска идила
Чорба од брокула
Наменета за ладните зимски денови, за стоплување и најадување.
- 1 средна брокула
- 1 среден кромид
- 3 чешниња лук
- 300 мл вода
- сол, бибер
- маслиново масло
- гранче рузмарин
- парче интергрален леб
Подготовка
1. На среден оган во добро загреано тавче на масло се пропржуваат исецканиот кромид и лукчето.
2. Во истото тавче се додава брокулата, иситнета, на помали цветчиња. Ние користевме виолетова брокула за екстра шаренило, но и стандардната зелена ќе заврши одлична работа.
3. По кратко запржување на брокулата и состојките, се префрлаат во блендер или во тенџерче ако користите рачен блендер. Се налева вода, се зачинува и се блендира смесата до чорбеста конзистенција.
4. Парчето леб се сецка на поситни коцки и се запекува кратко на 200 степени за да стане крцкаво.