Рецепт на нашите дедовци од Прва Светска војна

Војничка чорба

 
  • 1 страк праз
  • 2 лажици мелен црвен пипер (може и чили)
  • 2 лажици маслиново масло (или маст)
  • 2 лажици брашно
  • јајца по особа
  • сол
  • бибер
  • вода
 

Подготовка
 

1 Празот се сецка на ситно, се пропржува на масло.

2 Се додава мелениот пипер, брашното, сол и бибер.

3 Сето тоа уште малку се пропржува и се додава 1,5 литри вода.

4 Се остава да врие 5-6 минути, а потоа се додава полека по едно јајце.