Чорба со земјени јаболки

Чорбата е со земјен артичок или Ерусалимски артичок или топинамбус. Овој земјен дар кој го има во изобилство низ Македонија не се опишува на кратко колку е здрав и почитуван плод низ историјата. Може да ѕирнете на Гугл, а чорбата е дефинитивно дар за сите телесни системи… 

 
  • 300г артичок
  • 1 голем компир
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • кориандер
  • хималајска/морска сол
  • бибер
  • листови целер
  • кокосово масло
  • павлака и кора од лимон (по желба)
 

Подготовка

1 Кромидот со кориандерот се пропржува на масло, а потоа се додава ренданиот морков.

2 Следно се додава артичокот со компирот сецкан на ситни коцки.

3 Се додава вода и се остава да врие околу 25 минути.

4 Павлака се додава по желба, а може и рендана кора од лимон.