Чиа Фреска
Енергетски освежителен пијалок, по рецептот на Тарахумара…
Прво неколку факти на брзинка за чиата…
- Изобилува со омега 3 масни киселини;
- Одлична е за рехидратација бидејќи семчињата апсорбираат до 9 пати повеќе вода;
- Освен омега, чиата е богата со протеини, диетални влакна, калциум, магнезиум, фосфор;
- Чиата не мора да се сомеле за да биде целосно расположлива за дигестија.
- 1 голема лажица чиа
- 250 мл вода (една чаша)
- 1 лимон
- засладувач по желба
- мента
- шејкер
1. Може да користите шејкер, шише или стаклена тегла со капак кој добро затвора. Ова е со цел за убаво да се промеша пијалокот.
2. Во садот се ставаат водата, семчињата чиа, засладувачот и сокот од лимон. Може да користите лажичка мед, едно пакетче стевиа, кафеав шеќер или било кој друг засладувач.
3. Убаво се промешува, за затвора и се остава во фрижидер да се олади. Додека седи во фрижидер може уште неколку пати да му удрите шејк на енергетскиот пијалок.
4.Декорирајте една висока чаша со парче лимон и уживајте!