Цезарова салата без месо

Вкусна и сочна салата… Знаел Цезар што е добро! 

 
  • 2 јајца
  • 4 кришки леб
  • 3-4 чешниња лук
  • 2 главици зелена салата
  • 1 лимон
  • неколку лажици Worchester сос
  • 40г пармезан
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Кришките леб се сечат на коцки 1,5×1,5 сантиметри и се потпекуваат на 160 степени, 10тина минути за да се исушат.

2. Лукот се толчи со солта и се става во тефлонско тавче во кое има една капка масло.

3. Потоа исушените коцки се пропржуваат во тавчето заедно со лукот (брускети со лук).

4. Јајцата полека се ставаат во зовриена вода и се варат само 1 минута, а потоа се префрлаат во ледено студена вода.

5. Зелената салата се крши во поголем длабок сад, се додава малку масло и сок од лимон, малку сол и бибер. 

6. Се додаваат и јајцата, а одозгора целата салата се посипува со Worchester и со пармезан.