Царски сос за шпагети

За да му дадете нова димензија на јаглехидратниот оброк и да се чувствувате царски после тоа, еве еден лесен рецепт за доматен сос.

 
  • 1 главица кромид
  • 5-6 лажици доматно пире
  • 100-150г ситно сецкани маслинки
  • 150мл вода
  • 3-4 чешниња лук
  • оригано
  • бибер
  • босилек
  • масло, сол, бибер
 

Подготовка

1. Кромидот и лукот се сецкаат и се пропржуваат во заграно масло, се додаваат доматното пире и водата. Се крчка на тивок оган додека да омекне кромидот.

2. На крај се додаваат маслинките и сите други зачини и билки кои може да бидат свежи, но и сушени завршуваат одлична работа и даваат супер вкус.

3. Шпагетите се варат во солена вода околу 10-тина минути и се прелеваат со царскиот сос.