Култни рецепти со БИОкулт

Бургери и мафини од хељда

Одлично безглутенско хељдино дуо со многу нутрициски придобивки, органско и гарантирано вкусно за јадење.

  • 11/2 шолја органска хељда во зрно
  • 3 шолји вода
  • 2 големи слатки компири
  • 1 голем морков
  • 1/4 шолја органски танин
  • 4 лажици органско сусамово масло
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 2 лажици соја сос
  • органски сув магдонос
  • 1 голем кромид

Бургери од сладок компир и хељда

1 Слаткиот компир се лупи, се сече на коцки, се вари и се пасира. Потоа се остава на страна да се олади.

2 Во меѓувреме во зовриена вода 3:1 се вари хељдата на среден оган додека водата не испари (околу 15 минути).

3 Кромидот и морковот се сецкаат на мали парченца или со сецко, а потоа се динстаат на среден оган во тавче со малку масло додека не омекнат.

4 Во тавче се додаваат сите останати состојки и кратко се мешаат.

5 Се оформуваат бургери од смесата и се ставаат во тава на мрсна хартија за печење.

6 Се печат во рерна на 180 степени, 20 минути од едната страна, па 20 минути од другата страна.

 

  • 1/2 шолја органско брашно од хељда
  • 1/2 шолја БИОкулт ливадски мед
  • 1 лажичка органски цимет во прав
  • 1/4 лажичка хималајска сол
  • 1 пасирана банана
  • 1 излупено и пасирано јаболко
  • 1/2 шолја мелени ореви
  • 4 јајца
  • 2 лажички органско пециво

Мафини од хељда

1 Рерната се загрева на 180 степени и се подготвува тава за мафини со хартиени додатоци  во секоја дупка за да не се залепи смесата (испаѓаат околу 12 мафини).

2 Во длабок сад се мешаат сувите состојки: брашно, пециво, сол и цимет.

3 Во друг сад се мешаат течните состојки: јајцата, медот, и бананата.

4 Се истураат течните состојки во сувите и смесата се меша.

5 На крај се додаваат пасираното јаболко и мелените ореви и се меша целата смеса додека не стане хомогена.

6 Смесата рамномерно се распоредува во подготвената тава и се пече околу 30 минути додека мафините не станат златно кафени.

 

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија