Булгур со наут за убава манџа

Ориентална закуска со придобивките од наут и булгур подготвена на македонски начин.

 
  • 100г булгур
  • 100г наут
  • 1 кромид
  • 350мл топла вода
  • 20г путер
  • морска сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Наутот се закиснува предходниот ден за да набабри.

2. На загреан путер кусо се пропржува сецканиот кромид, потоа се додава булгурот и се пржи 3-4 минути, па се додава и наутот. 

3. Се налева топла вода и се вари 10-15 минути.

4. Садот се трга од огинот и се завиткува во крпа се до конзумирањето за убаво да се впие останатата течност.