Брзата пита “Итрица”
Вкусен доручек кој ќе ви ја даде потребната енергија за работниот ден. Може да послужи и како предјадење на лесен ручек.
- 1 шолја (за чај) јогурт или кисело млеко
- 1/2 шолја (во случајов karas4training.com мерка) маслиново масло
- 2 шолји брашно (какво сакате)
- 1 прашок за пециво
- 2 јајца
- 1/2 спанаќ
- сол по вкус
Подготовка
1. Спанаќот се сецка, се посолува и се гмечи со рака. Притоа вишокот вода се исцедува.
2. Сите состојки се мешаат и се ставаат во намрсено тава.
3. Питата се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 25-30 минути.