Бразда тава со тиквички

Вкусна на изглед и на уста, а притоа добивате ниско калоричен и хранлив оброк. 

 
  • 3 тиквички
  • 2 шолји интегрален ориз
  • 500г печурки
  • 3 јајца
  • 1 морков
  • 1 шолја млеко
  • 1 чаша вода
  • морска сол, бибер и други зачини по желба
  • маслиново масло за готвење
 

Подготовка

1. Оризот, исецканите печурки и морковот ги динстаме 20тина минути (печурките да пуштат вода, а оризот да омекне).

2. Тиквичките ги сечеме на тенки ленти по должина.

3. Во коцкаста тава прво ставаме еден ред од тиквичките, па ја ставаме смесата, а одозгора повторно редиме тиквички (како сендвич). 

4. Лесно се полева со 1 чаша вода, се зачинува и се става во рерна на 180 степени околу 20тина минути за да упие водата, а состојките малку да омекнат. 

5. Потоа тавата се полева со смесата од изматени јајца и млеко и се враќа во рерна уште некое време (околу 20-30 минути) да се потпече.