Багет и колбас

Стара добра комбинација на еден поинаков начин…

 

 
  • 1 багет
  • 2 домашни колбаси
  • 4 лажици маслиново масло
  • 50 грама сирење
  • оригано и бибер
 

1. Багетот се сече на тркалца и на секој колбас внимателно се набоцкуваат тркалцата на растојание од по еден сантиметар.

2. Одозгора се накапува масло, се ренда сирење и се зачинува.

3. Се пече на фолија на 200 степени околку 15 минути.