Ароматично печени кременадли со ѓумбир
Сите додадоци, а особено ѓумбирот се одговорни за прекрасниот шмек…
- 3 кременадли
- 1 кромид
- 1 лимон
- 4-5 чешниња лук
- парче ѓумбир
- дафинов лист
- гранче рузмарин
- сол
- бибер во зрно
1. Во тавче за печење се редат кругови кромид, а над нив се редат кременадлите.
2. Врз кременадлите се става ѓумбирот сецкан на ливчиња, лукот, рузмаринот, дафиновиот лист и по едно кругче лимон.
3. Се налева малку вода и се попрскува со масло. Се зачинува по желба со сол и бибер.
4. Кременадлите се печат покриени со алуминиумска фолија околу 40 минути на 200 степени, а пред крај се трга фолијата за да заруменат одозгора.