Ароматична тиквичка

 
  • 1 тиквичка
  • 150 грама урда
  • 50 грама биено сирење
  • 10тина шери домати
  • гранче рузмарин
  • мајчина душица
  • бибер
  • маслиново масло
 

1. Тиквицата се сече по должина и се вадат семките во средината со мало лажице.

2. Внатрешноста се премачкува со маслиново масло.

3. Се прави смеса од урда и зачините и со смесата се полнат тиквичките.

4. Одозгора се редат шери доматите и лентички биено сирење. Се пече на 220 степени 20 минути.