Без рецепт со Донев

Свеж лосос со рузмарин

Лосост е лесен и брз за приготвување, многу сочен и вкусен. Може да се послужи во комбинација со нај различно вариво и секаков компир, освен жив нели.

 
  • Лосос свеж / кременадла
  • Рузмарин свеж
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер
 

Подготовка

Потребно време за подготовка е околу петнаесетина минути.

1.Наточете си чаша суво бело винце, наздравете со друштво или сами со себе и со ќеиф да си ја спремиме оваа убава и здрава риба.

2.Зачинете го свежиот лосос со сол и бибер. Полите го со маслиново масло и исцепкајте го свежиот рузмарин. Може да се спреми на плотна, електрична скара или тефлонско тавче. На било кој начин ќе биде супер.

3.Значи така подготвен ставете го на средно висока температура и оставете го по 6-7 минути од двете страни. Не го боцкајте и внимателно превртете го за време на готвењето за да не ви се растури и убаво да може да го гарнирате. И очите се гладни, не само стомакот.

Јас денеска го искомбинирав со варена брокула и ровко јајце. Уживав, ајде сега и Вие.