Здрав омлет ала Баки

 
  • 2 јајца
  • грст мали китки брокула
  • грст маринирани или свежи чери домати
  • 1 супена лажица павлака
  • 1 супена лажица брашно
  • крупна морска сол по желба
  • масло по желба (препорачливо маслиново за готвење)
  • рендан кашкавал по желба

Подготовка

1. Брокулата треба да се обари предходно 2-3 минути. 

2. Јајцата се мешаат со брашно и сол, додека тавчето со масло се загрева (од тавчето и вашиот вкус зависи количината на масло со кoja ќе готвите).

3. Ја намалувате ринглата на половина, ја додавате смесата со јајца, и чекате да се запржи едната страна. 

4. Штом едната страна е готова, го вртите омлетот од другата страна и му додавате чери домати и брокули.

5. За кратко време и втората страна од омлетот ќе биде готова, а тогаш одозгора се додава и ренданиот кашкавал. 

6. Омлетот одма потоа се трга од ринглата, се префрла во чинија и се додава павлаката со едно парче интегрален леб.