Без рецепт со Донев

Многу секси њоки

На њоките им треба многу малку време да се спремат а посебно во ваква свежа комбинација. Идеално како лесен оброк или како додаток со месо или риба. Уште по идеално за лесен флерт со тој или таа што сте ја поканиле на дружење (немојте да го заборавите виното нели).

 
  • Њоки
  • Мали домати
  • Рукола
  • Маслинки
  • Моцарела
  • Босилок (сув или свеж)
  • Маслиново масло
  • Бибер
     

Потребно време за приготвување е околу 15 минути и се сервира топло, така да немојте да ги спремате пред да дојде он или она.

И кога ќе дојде идеме вака:

1. Њоките се купечки и се супер така да нема фрка околу нив, само одлепети ги една од друга за да не се зготват така залепени.

Ставете вода во длабок сад да зоврие и додајте сол (крупна морска).

2. Додека ја чекаме водата ги сецкаме малите домати на половинки. Маслинките на половинки и ја вадиме коската. Руколата ја миеме и моцарелата ја сецкаме на тенки кругови.

3. Кога водата е зовриена ги истураме њоките и ги вариме 2-3 минути или додека не испливаат на површина, никако подолго зашто ни треба обликот нели, не правиме чорба.

4. Ги цедиме од водата брзо и додека се топли во истиот сад им ги додаваме малите домати, маслинките, ја цепкаме руколата, додаваме малку босилок, сол и малку маслиново масло. Убаво го промешуваме и ја редиме моцарелата од горе.

5.Така поклопениот сад го вракаме на многу тивок оган усте 1-2 минути, колку да се растопи моцарелата и спремни сме.

Сервирајте топло со чаша вино и шармирајте.