Вкусен, лут и зимски македонски специјалитет - од пријателите на Донев

Македонско макалце

 
  • Дозата е за двајца (се знае зошто)
  • 5-6 суви пиперки, може и лути по желба (пожелно е за здравје)
  • еден страк праз
  • 2-3 чешниња лук
  • 4 средни компири
  • маслиново масло и сол по желба
 

Подготовка

1. Во дрвен аван ставете малку сол и иступајте го лукчето колку што можете поубаво, па додадете ги пиперките и продолжете да ги толчите.

2. Што поситно сецканиот праз и варените компири во продолжение ги додавате и толчите за да се добие прикладна маса.

3. Густината ќе си ја си ја дотерате по желба со додавање на течноста во која ги варевте пиперките.

4. На крај смесата се попарува со жешко масло, при што силно се меша.

5. Макалото го бидува како додаток со секакви јадења а богами и “клот” со убаво лепче.