Био манџа за секоја возраст, од 1 до 101 и повеќе!

Црвена леќа и киноа со зеленчук

 
  • 1 шолја мешана киноа био
  • 1 шолја црвена леќа био
  • 1 средна главица лук
  • 1 среден кромид
  • 1 среден сладок компир
  • 1 морков
  • 1/2 китка магдонос
  • малку целер (лист и дел од трупката по желба)
  • крупна морска сол – доза по желба
  • маслиново масло био
  • останати зачини се ставаат по желба (овој рецепт е подготвен и за 1 годишно дете, затоа нема дополнителни зачини) 
 

Подготовка

1. Се измива киноата, а потоа се става во тавата со вода 1-2 (на една шолја киноа, 2 шолји вода) да се вари вкупно околу 25-30 минути. Кога ќе зоврие водата, ринглата се намалува ринглата на пола јачина.

2. Заедно со киноата се додава и трупката од целер.

3. Во меѓувреме, на мали парченца се сецкаат морковот, компирот и кромидот. Потоа се додаваат во тавата.

4. Леќата се измива и се додава во тавата по 15тина минути. Се додава и една шолја вода.

5. Лукот се дели на чешниња кои можете да ги излупите, но и не морате. Се става 10тина минути пред крај. 

6. Ливчињата од магдонос и целер се мијат, се чистат од дршките и се додаваат во последните 5 минути.

* Време: 30 минути 
* Оброкот е подготвен во Delimano Dry Cooker тава