Бебе кашичка од мама

 
  • 200-300г печена тиква
  • 4-5 парчиња прокељ
  • 1 мало цвекло
  • 200г просо (интегрално)
  • био маслиново масло
  • мала лажичка чиа семе
 

Подготовка

1. Тиквата се пече во рерна околу 1 час, но најдобро е да ја надгледувате до каде е од време на време.

2. Просото се измива и се става во сад со вода (2 чаши вода на 1 чаша просо). Кога водата ќе зоврие се намалува јачината на ринглата на половина и се остава така да крчка околу 15 минути (пишува точно на опаковката).

3. Кога водата ќе зоврие се ставаат цвеклото и прокељот. 

4. Садот се трга од ринглата по околу 15-20 минути крчкање и се остава малку да се излади. 

5. На крај се додава маслиново масло и останати мирудии по желба.

6. Тиквата и просото со зеленчук се ставаат во чинија, поделени или измешани, сеедно.

7. На крај, во кашичката се додава и чиа семето.