Зошто не треба да скокате оброци

Нека дигне два прста оној што се прејал откако подолг период од денот бил гладен!

Иако веќе долго време е познато дека прескокнувањето на одредени оброци т.е. повременото гладување преку падот на основните хранливи материи во организмот нè тера да бидеме повеќе алчни во оброкот што ни следи или пак да посегнуваме по најнездравите извори на калории, во низа на нови експерименти правени на заморчиња беше заклучено како точно овој ефект влијае врз организмот. 

Во експериментот биле искористени две групи на заморчиња од кои едната група имала на располагање храна во текот на целиот ден (кога сакала да си грицка), а другата имала само една единствена порција, наутро, а после тоа била оставена да гладува (т.е. да симулира прескокнување на повеќе оброци) до наредниот ден. 

Втората група после извесен период била вратена на редовниот режим на исхрана но она што било променето во нивното однесување е токму пристапот кон оброците. Тие сега се прејадувале од храната која им била нудена поради тоа што биле научени на претходниот режим, а ова довело до низа пореметувања во организмот. 

Прво, иако и двете групи консумирале ист број на калории, овие вторите наталожиле многу повеќе масти во слабинскиот дел од првата група, а исто така многу важно, тие развиле и инсулинска резистенција – важен фактор во развивање на срцеви болести и дијабет. 

Научниците велат дека тоа е нормална еволуциска реакција на организмот – кога има малку храна, животното е склоно кон прејадување, за да наталожи резерви за итни случаеви. Спротивно пак на тоа, доколку редовно има храна, особено здрави избори на храна, нивоата на потребните материи во организмот ќе се одржуваат на коректните граници и нема да има големи осцилации со што би се избегнале ваквите шокови. 

Во принцип ова е и причината поради која најголем дел од диетите не успеваат. Наместо тоа, успешен план би било да се одбира здрава исхрана распоредена во повеќе мали оброци во текот на денот и сето тоа да биде добро испланирано на соодветниот тајминг. 

Иако експериментите се правени на заморчиња, истражувачите велат дека ова е најблиску што може да се дојде до сознанија за тоа како би реагирал и човечкиот организам. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија