Наслов

Зошто диетата со печурки не функционира

Двонеделната диета наречена „Планот М“ (Mushroom Plan) која почнува да се популаризира од страна на некои медиумски фаци како Кети Пери и Кели Озборн нема ништо магично во неа (како и голем број на диети), а еве зошто нема да го добиете тоа што диетата го ветува.

Од скоро на нет постојат тврдења дека диетата „М“ според која девојките треба да заменат еден оброк во денот со порција печурки, ќе им помогне во топењето на масните наслаги, ама само на одредени регии од телото, знаете, струкот, колковите и бутовите. Еве зошто ова не е туку така.

  • „Нема ништо магично во печурките, а заменувањето на еден оброк на ден со било кој зеленчук ќе помогне во регулирањето на тежината“, вели Katherine Tallmadge, лиценциран диететичар и стручен соработник за LiveScience.

Тврдењата пак за селективното топење на масти паѓаат во вода бидејќи не се научно издржани бидејќи никаде не постојат докази дека било која диета може да направи ослабнување на специфични места. Едноставно тоа не е можно.

  • „Начинот на кои луѓето ќе губат и качуваат тежина е детерминиран главно од генетските фактори, а исто така и од факторите како возраста и пушењето.“

Студиите покажале дека постарите жени накачуваат на тежина во главно на струкот, најверојатно поради промени во хормонските нивоа. А и пушењето е врзано со дебелеење во истата регија.

18 Септември 2013

За авторот