Наслов

Зготви си ориз со помалку калории

Еден едноставен хемиски процес е пресуден за преполовување на калориите во порцијата ориз...

Оризот е основна намирница во многу национални кујни и во многу вкусни јадења, па дури и главна состојка во нашите сарми и полнети пиперки. Оризот е евтин, лесен за подготвување, а може да послужи и главно јадење, како додаток, во солена верзија, но и во слатка верзија, па не е ни чудно што е толку употребуван.

Како и секоја друга храна која се базира на скроб, па така и оризот, не е најпаметен избор ако се пазите од вишок килограми. Некои истражувања, претераната конумација на бел ориз ја поврзуваат со појава на метаболен синдром, па дури и дијабетес. Кога консумираме скробна храна, скробот се разложува до гликоза, а потоа се претвора во гликоген. Ако не се потроши гликогенот, најчесто преку физичка активност, доаѓа до негово претворање во маснотии и непосакувани вишок килограми.

Сепак не секој скроб е ист. Постојат два типови на скроб, еден кој лесно се разградува во телото или т.н. дигестибилен, а другиот е резистентен скроб т.е. скроб кој човековото тело не го разградува, а на тој начин и овој скроб придонесува за храната да има помала калориска вредност.

Фактот дека едниот тип преминува во другиот, во зависност од начинот на подготовка, го искористиле научниците за да сварат една доза ориз, со дупло помалку калории. Кога водата врие, се додава една лажичка кокосово масло, а потоа се вари оризот на вообичаен начин. Се остава во фрижидер 12 часа и хемиската структура на скробот е променета, а калориите скратени на дупло според Судар А. Џејмс, студент по хемија од Шри Ланка и неговиот ментор.

Оваа едноставна постапка на 200 грамa ориз со нормално 250 калории, ќе скрати околку 100 калории, што е импресивно, ако се земе во предвид дека некои кујни се засновани токму на ориз, како што е на пример кинеската кујна.

Следните ОРИЗОВИ ПЛЕСКАВИЦИ подгответе си ги со дупло помалку калории.

30 Март 2015

За авторот