Наслов

Земи го твоето омилено смути со тебе

Доколку и покрај брзото и динамично живеење сè уште наоѓате начини да се храните здраво, тогаш со сигурност смутито е дел од вашата секојдневна рутина. Лесно, брзо и едноставно за подготовка, а одлично за внесување на голема количина на витамини, миниерали и хранливи материи, смутито полека си се наметна како задолжителен дел од секојдневието на многумина.

Без разлика дали го пиете наутро или си подготвувате за носење, смутито е наједноставниот начин да ја обезбедите дневната доза на витамини и минерали и да имате убав старт на денот, но и да се освежите после вежбање, напорен ден на работа, целодневно седење на плажа или исцрпувачко планинарење. Без разлика дали го подготвувате за да го консумирате веднаш или за да го понесете со себе, секогаш користете свежи намирници и комбинирајте овошје и зеленчук, кои ќе ви дадат многу енергија и свежина и кои ќе му помогнат на организмот да се исчисти од токсините, а истовремено ќе ви го подобрат имунитетот и здравјето во целина. 

Доколку почесто практикувате да го понесете смутито со себе, треба да внимавате на неколку работи, за да му ја одржите свежината подолго, но и подолго да остане во хомогена состојба, а вкусот и мирисот да му останат неодоливи.

Замрзнато овошје

Секогаш во фрижидерот имајте однапред замрзнато овошје. Измијте го овошјето, излупете го, исечкајте го на парчиња и распоредете го во зипер кесички во вашиот замрзнувач. На овој начин ќе можете во секое време да направите погусто смути, кое ќе издржува подолго и ќе можете да го консумирате и покасно во денот, без да го изгуби вкусот и конзистентноста.

Додадете здрави масти

Еден од најдобрите начини да подготвите смути за носење, а притоа да не ви се разводни за време на транспортирање е да вклучите здрави масти при блендањето. Така препорачливо е да вклучите кокосово млеко, кокосови снегулки, половина авокадо, семки од коноп, ореви или некои други јаткасти плодови во умерена количина, кои ќе му дадат густина на смутито, но и ќе ве држат сити подолго, што е одлично за оние долги денови. За да бидете сигурни дека јаткастите плодови се добро изблендани треба да користите брз блендер со моќен мотор, затоа што со обичните блендери не добивате смути кое е лесно за пиење.

Не го избегнувајте протеинот во прав

Ова е особено важно доколку патувате. Во вашето смути слободно додадете една дозерка протеин во прав, кој ќе ви даде многу повеќе енергија, ќе го направи смутито повкусно и погусто, а вие ќе бидете пофокусирани. Најчесто протеинските шејкови имаат многу малку шеќер во нив, што ги прави идеални за ваков тип на смути.  За поголеми ефекти, одберете протеински прав од природно потекло. 

Блендајте редоследно

За вашето смути да има совршена текстура, најпрво ставете ги млекото, јогуртот или водата, па потоа преминете на полесните суви состојки како зелени листови. Потоа преминете на парчињата овошје, за на крај да додадете јаткасти плодови и мраз. На овој начин ќе добиете совршена текстура која ќе се одржи во текот на целиот ден.  

Инвестирајте во добар блендер и чаша за носење

Можеби и требаше да почнеме со оваа точка, бидејќи најважни две работи се моќноста и функционалностите на блендерот и чашата за носење.  Новите Viva и Avance блендери на Philips имаат навистина моќни мотори кои во комбинација со нивната нова технологија на блендирање Pro-blend 6 и Pro-blend 6 3D, овозможуваат за 50% подобри резултати во однос на нивните претходници. Обата блендери имаат свои предности кои го заслужуваат вашето внимание. 

 Philips Viva моделот ви овозможува да имате целосна контрола над брзината во зависност на тоа какви состојки користите за смутитио, додека Avance моделот има пресет на брзина, но и функција за мануелно контролирање.  Двајата модели доаѓаат со огромен бокал од 2 литри во кој можете да направите смути за целото семејство, но и со една или две совршени чаши за носење во кои директно го подготвувате вашето смути. На овој начин директно подготвувате смути за носење, без да треба да го чистите бокалот што го  прави процесот на подготовка многу брз и лесен.

Подетални информации за двата модели на Philips блендерите можете да најдете на официјалниот сајт на Philips. Моментално Philips Viva и Philips Avance блендерите можете да си ги набавите со 20% попуст, а притоа да добиете и буклет со рецепти, благодарение на кој ќе направите неодоливи и здрави смутиња.

17 Мај 2018

За авторот