Наслов

Збор два околу мувлата и лебот

Дали зелено белите дамки на старата векна се опасни или не? 

Мувлите  се вид на габички кои што растат во влажни и топли услови и лесно се размножуваат. Во домаќинството често ќе ја забележите на старите пецива во вид на зелени или бели дамки или можеби во некој влажен ќош како црна дамка.

Бидејќи станува збор за микроогранизам, оние дамки кои се видливи за голо око се всушност огромни колонии, а точката која ја гледате на лебот е само делче од "санта мраз" и никогаш не можете да бидете сигурни колку длабоко во векната се прошила мувлата. Некои мувли ги користиме за наша полза, како што е Пеницилиниум, за добивање антибиотици, но некои од нив може да ни донесат штета.

Генерално се препорачува да отстраните голема количина од зафатената храна и контаминираниот дел да го фрлите прво во пластична кеса, а потоа во канта, пожелно со капак. Мала консумација на некои типови мувла може да помине без потешкотии.

Сепак, некои видови во соодветни услови создаваат миксотоксини меѓу кои и такви како што е афлатоксинот кој се поврзува со рак на црн дроб. Мувлата се размножува со спори кои при манипулација може да се распространат низ воздухот и да завршат во нечии бели дробови, а кај некои луѓе да дојде и до алергиска реакција. Затоа никогаш не ја мирисајте храната за која се сомневате дека има мувла. Дополнително е потребно да го исчистите и местото каде што векната стоела и да ја проверите и другата храна.

Мувлата всушност е индикатор дека на лебот одамна му поминало времето за јадење.

30 Октомври 2015

За авторот