Наслов

Заситени масти - лошо тагнати како „лоши“

Нутриционистичките ставови во врска со мастите потполно се менуваат. Иако денешните размислувања и студии на оваа тема се помалку контроверзни и збунувачки мораме да појасниме дека МАСТИТЕ СЕ ЕСЕНЦИЈАЛНИ ВО ВАШАТА ДИЕТА, а исхраната која ги маргинализира овие елементи е потполно грешна. Во продолжение воведно инфо во врска со заситените масти.

Состав и хранителни извори
Заситените масти се група на триглицериди каде поливалентниот алкохол глицерол е поврзан со заситени масни киселини (палмитинска, стеаринска, миристинска, лауринска, бутиринска).

Голем процент на заситени масни киселини може да се најдат во различни животински продукти како сирење и сите останати млечни производи, путер, свинска или говедска маст и сувомеснати производи, но ги има и во растителни продукти како дел од кокосовото масло и сувиот кокос, чоколадото и маслото од палмина семка (palm kernel oil).

Здравствена поврзаност 
Иако долго време заситените масти биле главни виновници за срцевите заболувања поради можноста за подигнување на нивоата на лошите LDL фракции во денешно време за тоа се почесто се обвинуваат транс мастите. Се покажало дека транс мастите имаат двојно полош ефект на LDL/HDL односите споредбено со заситените масти, но сепак и претераното внесување на заситените масни киселини може да го зголеми ризик факторот за кардиоваскуларни заболувања.

Овие LDL фракции се одговорни за пренесувањето на холестеролот низ крвта, кој сам по себе не е штетен, и така сврзани како LDL холестерол тие полесно се слепуваат ѕидовите на крвните садови, формираат плаки, кои се одгворни за запушувањето на крвните садови.

Иако претераното внесувањето на овие масни киселини предизвикува поголема можност за кардиоваскуларни заболувања, тие се сепак важен и неопходен дел од организмот и во никој случај не смеат да бидат исклучени. Тие се составен дел на секоја клетка во нејзината клеточна мембрана, претставуваат концентрирани форми на енергија, потребни се за пренесување на липосолубилните витамини (K, A, D, E), претставуваат основа за продукција на разни хормони, вмешани се во клеточните комуникации и имуните функции, и се важна компонента за одржување на здрава кожа и коса.

Дневни потреби
И сега како да се најде средина која ќе не одржи здрави, витални и ќе не држи надвор од ризик групата. Дневно треба умерено да се конзумира млеко, млечни и меснати производи се со цел да се обезбеди доволна и не преголема количина на овие масни киселини.

Препорачаниот максимален дневен внес на овој тип на масти претставува помалку од 10% од вкупниот дневен калориски внес, но кај ризичните групи тој не треба да изнесува повеќе од 7%. Тоа всушност изнесува некаде до 20g на заситени масти базирано на дневна диета од 2000 калории, а колку за информација 100g на Фета сирење содржи 15g на заситени масти.

29 Октомври 2012

За авторот