Наслов

Ви горчи ли маслиновото масло?

Според испитувањата на Калифорнискиот Универзитет, дури 44% од потрошувачите на маслиново масло, уживаат во вкусот на дефектно, старо и оксидирано масло, а вкусот на свежото (оној што има горчина во него) го сметаат за одбивен.

Работата не е дека луѓето сакаат да консумираат стари и отстојани масла туку пазарот е толку преплавен со неквалитетно (лажно) ладно цедено маслиново масло на чиј вкус е навикнато нашето сетило, па вистинска реткост е да наидете на шише свежо масло полно до врв со богатиот вкус што го добива преку процесот на ладно цедење.

Она што вие како консументи треба да го знаете е дека квалитетното маслиново масло не треба да биде сиромашно во неговиот вкус и мирис туку напротив тоа треба да има свежи ароматични компоненти (од билките и јатките кои се додаваат во процесот) и многу важно, мора да содржи доза на горчина во својот вкус бидејќи тоа е одлика на количеството на полифеноли (анти-оксиданси) кои всушност се и најголемиот здравствен атрибут на маслото.

На другата страна од тематикава, бидејќи постојат различни типови на масло кои во себе содржат и до 30 различни фенолни компоненти, вкусот, односно горчината може да варира во различни насоки. Затоа, и многу горчливото маслиново масло не е репер на најквалитетното. 

Заклучок: Квалитетното ладно цедено маслиново масло треба да има еден пријатен и благ горчлив вкус како и малку пикантна компонента во себе. 

19 Јуни 2014

За авторот