Наслов

За сите гермофоби што јадат надвор од дома

Ова се убедливо најконтамираните нешта кои завршуваат послужени во рестораните и баровите...

Чашата со лимон

Иако лимонот покажува антибактериски својства сепак на кората од лимонот можат да се најдат секакви микроорганизми со потекло од дланката на производителот па до дланката на барменот, секако ова важи доколку не е добро измиен пред служење. Освен тоа пестицидите со кои е прскан лимонот се често хидросолубилни да додека истиот си одмора во вашиот освежителен пијалок, ослободува и несакани материи.

Кикирики

Ладната 0.5 литарска кригла подобро легнува со солени грицки, но оние мали чинивчиња со кикирики што ги добивате најчесто се дополнети остатоци од претходните муштерии. На крај испаѓа дека јадете од раката на тотален странец, затоа задолжително лупење или прерипнете ги.

Зелена салата

Често зелените салати не се мијат доволно во рестораните, па завршуваат послужени заедно со сите микроорганизми кои живеат на нив додека биле одгледувани. Затоа и зелената салата се наоѓа на оваа листа на најконтаминирани продукти.

Коцки лед

Најразлични бубачки и шумски ѕверки може да се најдат врз коцката лед, заради нехигиената од страна на персоналот. Работата е што најчесто на ледот не се гледа како на нешто што го консумираме, па некои хигиенски правила лесно се прекршуваат.

01 Март 2014

За авторот