Наслов

Време е за босилек

Додадете вкус и здравје во вашите летни оброци со само неколку зелени ливчиња...

Оваа зачинска билка е вистинско летно освежување за вашите оброци, но и извор на сериозни нутри благодати доколку ја направите дел од секојдневното мени. Моментално пазарите се преплавени со расади од различни типови босилек, па ако не засадивте досега, се уште не е доцна да си набавите едно или повеќе стебленца.

Доколку немате услови и сепак решивте да купувате снопчиња по потреба, најдобро е босилекот да го чувате надвор од фрижидер, во чаша со ладна вода и далеку од директна светлина, со што најдолго ќе го одржите свеж и погоден за исхрана.

Oсвен вкус, босилекот додава и доза здравје во јадењето. Како и другите зелени листести растенија, изобилува со витамин К, важен за коагулацијата на крвта, искористувањето на калциумот во коските, а во последно време се поврзува и со намалување на ризикот од појава на дијабетес.

Како што пишувавме и претходно босилекот покажува антиинфламаторни карактерстки кои според истражувањата се споредуваат со оние на диклофенакот (моќен антиревматик и нестероиден антиинфламаторен лек). Ефектот на босилекот се должи на високите дози на еугенол, кој му ја дава карактеристичната арома и е активна антивоспалителна состојка. Со тоа босилекот помага при зглобно и мускулно воспаление.

Големите количини на ароматични масла дополнително делуваат како антимикробни агенси со тоа што го намалуваат бројот на микроорганизми во храната која ја подготвувате во комбинација на босилек. Исто така користењето на босилек во секојдневната кујна, заедно со другите зачински билки, може биде стратегија за намалување на внесот на готварска сол, особено полезно за лица кои патат од висок крвен притисок.

Предлог рецепти со босилек (клик на сликите):

 

06 Јуни 2016

За авторот